Автомобил заврши превртен во морето кај Брач

Од:

Жителите и гостите кај Сутиван на островот Брач ​​(во Хрватска) денес ги пречека необична глетка во самиот центар на градот.

Во локалното пристаниште, автомобил заврши превртен на страна, делумно во морето, само неколку метри од брегот, објавува Далмација Данас.

Фотографиите од терен покажуваат дека возилото се свртело на страна покрај брегот, додека голем број љубопитни минувачи веднаш се собрале околу него.

Автомобилот претрпел голема материјална штета, а шофершајбната е целосно скршена.

Точните околности што доведоа до оваа бизарна несреќа се се уште непознати, а сè уште нема официјални информации дали имало повредени лица.

Би можело да ве интересира

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он

Голем пожар на Брач, гори борова шума

Се преврте „мазда“ во центарот на Скопје, возачот е тешко повреден

А1он

(ВИДЕО) Два дена по невремето, автомобил се уште стои превртен во Кисела Вода

А1он