Пијан тетовец (22) со гасен пиштол се обиде да изврши разбојништво – уапсен е

Од:

Приведен е тетовец кој под дејство на алкохол и со пиштол денеска се обидел да изврши разбојништво во угостителски објект.

Пиштолот е пронајден и следува соодветна пријава.

Од СВР Tетово информираат дека денеска во 16:00 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници го лишиле од слобода Х.Д.(22) од Тетово. ​

При преглед кај него бил пронајден и одземен еден гасен пиштол, а по извршено алкотестирање било утврдено дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,35 промили алкохол во крвта.

Претходно, во СВР Тетово А.И.(38) од Тетово пријавил дека околу 15:30 часот на неговото работно место во угостителскиот објект Х.Д. врз него извршил обид за разбојништво.

Според пријавеното, тој влегол во објектот и со закана со пиштол побарал од вработениот А.И. да му ги даде парите.

Откако А.И. одбил и му рекол да излезе, помеѓу нив настанала физичка пресметка, при што со кундакот од пиштолот го удрил А.И. во пределот на главата.

После тоа, Х.Д. побегнал од местото, но набргу по преземени мерки е пронајден и лишен од слобода.​

Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Се степаа сестри во Брвеница, браќа во Карпош, а брат нападна сестра во Гази Баба

А1он

Уапсени се десет возачи за безобѕирно возење

А1он

Уапсен 28-годишник во Врапчиште, кај него пронајдени марихуана и кокаин

А1он

Уапсен е австриски државјанин на „Табановце“, во неговото возило е пронајдено оружје

А1он

12 возачи уапсени за безобѕирно возење

А1он