Дендиас: Безбедноста на Балканот е и европско прашање и заедничка одговорност

Од:

За нас, за Грција, стабилноста и просперитетот на Балканот претставуваат витален национален интерес. Сето она што го зајакнува еден од нас, кога во рамките на вистинска соработка, сметаме дека го зајакнува и целиот регион, бидејќи безбедноста на Балканот е и европско прашање, посочи министерот за одбрана на Грција Никос Дендиас на 19. Балканскиот Самит на началниците на Генералштабовите.

На почетокот на Балканскиот самит се обрати министерот за одбрана на Грција, кој рече дека одржувањето на 19 средби за дијалог претставува потврда на тоа дека „безбедноста на Балканот не е прашање на само една држава, туку е заедничка одговорност. Вооружените сили на земјите што коегзистираат во истиот географски простор, и покрај нивните различни историски патишта, се повикани, како и секогаш, да бараат заедничка основа за предизвиците што ги надминуваат нашите национални граници. Многу добро знаете дека живееме во време на брзи и обемни промени, посочи Дендиас.

Тој додаде дека технологијата, беспилотните системи, сајбер-заканите, хибридните облици на војна „суштински го променија начинот на кој ја сфаќаме оперативната подготвеност“, и затоа, рече дека вооружените сили треба исто така да се променат.

Нагласи дека мирот бара правда и сила, но и подготвеност и одговорност, а регионалните кризи и повторната појава на ревизионистички перцепции „директно го ставаат на тест меѓународниот безбедносен поредок“, но и дека нè потсетуваат дека за суверенитетот предуслов е способноста да се браниме на кредибилен начин.

За Балканот, за Балканскиот Полуостров, оваа реалност има особена тежина. Балканот, Балканскиот полуостров, историски беше буре барут во Европа. Нашиот регион имаше претрпено нестабилност, конфликти, немири меѓу етничките заедници и промени на границите. Затоа, можеби знае, подобро од кој било друг, токму преку сопственото историско искуство, дека мирот не е нешто што се подразбира само по себе, посочи Дендиас.

Би можело да ве интересира

Средба Османи- Дендиас: Односите меѓу Северна Македонија и Грција пример за добри соседи

Дендиас: Следната седмица видеоконференциска средба на Скопје и Атина за побрзо враќање во нормала

А1он