Млада Украинка загина при руските воздушни напади додека ги засолнуваше синовите

Од:

Вероника Чујан (29) беше убиена вчера за време на рускиот воздушен напад врз Киев.

Млада жена е убиена додека трчала кон засолниште, очајно обидувајќи се да ги однесе своите деца на безбедно, објавија украинските медиуми.

Во времето на нападот, таа се обидувала да ги спаси своите две момчиња, на пет и три години.

Руска ракета експлодирала во непосредна близина на семејството, а Вероника починала на самото место од силата на детонацијата.

Нејзиниот постар син бил префрлен во болница со сериозни повреди и итно е опериран, додека помалото дете преживеало само со полесни повреди.

Оваа трагедија е дел од еден од најголемите руски воздушни напади од почетокот на општата инвазија на Украина. Во нападите врз неколку украински градови, 22 лица беа убиени, а 130 беа ранети.

Според официјалните податоци од украинските воздухопловни сили, Русија лансирала вкупно 729 ракети и камикази дронови низ целата земја во еден бран, а главната цел на нападот бил Киев.

Иако воздушната одбрана успеала да собори 642 цели, руските сили ја пробиле одбраната користејќи напредни балистички и хиперсонични крстосувачки ракети.

Би можело да ве интересира

Руски семејства контактираат со Украина, си ги бараат исчезнатите синови – војници

Мерц неуспешно го убедуваше Маѓар да го промени ставот за Украина

16 лица се убиени во руските напади врз Киев и Днепар

Украински дронови го погодија Санкт Петербург во пресрет на клучниот економски форум

Горан Наумовски

Платеници од Германија и Велика Британија се убиени во Запорожје

Зеленски: Се подготвуват масовни руски воздушни напади врз Украина