Кригла пиво на Октоберфест годинава ќе чини 15,90 евра – литар вода ќе се продава по 11 евра

Од:

Посетителите на Октоберфест и оваа година ќе го пречека поскапено пиво.

За литарска кригла во фестивалските шатори ќе треба да платат до 15,90 евра, што е во просек за 2,38 проценти повеќе од минатата година, објавија вчера властите во Минхен.

Цената на литар пиво оваа година ќе се движи од 14,80 до 15,90 евра. Минатата година, литарска кригла чинеше помеѓу 14,50 и 15,80 евра.

Безалкохолните пијалаци исто така ќе бидат поскапи.

Литар вода ќе чини просечно 11,13 евра, додека минатата година просечната цена беше 10,95 евра.

Ќе треба да потрошите 12,84 евра за литар Специја, а 12,47 евра за литар лимонада.

Градот Минхен истакнува дека цените на пивото ги одредуваат самите угостители. Градските власти само проверуваат дали се соодветни во споредба со цените во другите големи угостителски објекти во градот, каде што литар пиво моментално чини помеѓу 7,70 и 13,40 евра.

Оваа година, Октоберфест ќе се одржи од 19 септември до 4 октомври.

Повторно се очекуваат повеќе од шест милиони посетители на најголемиот фолклорен фестивал во светот.

Минатата година, Октоберфест привлече 6,7 милиони луѓе, кои испиле околу 6,5 милиони литри пиво.

Би можело да ве интересира

Октоберфест е затворен од полицијата

Отворен Октоберфест: Рекордни цени на пивото и милиони посетители