Анчелоти, Нагелсман, па Покетино – најплатени селектори на СП 2026

Од:

Специјализираниот портал Finance Football објави преглед на годишните плати на селекторите на националните тимови кои ќе настапат на овогодинешното Светско првенство, а податоците откриваат значителни разлики меѓу националните асоцијации кога станува збор за инвестициите во стручен кадар.

На врвот на финансиската пирамида е Карло Анчелоти, кој заработува дури 10 милиони евра годишно како селектор на Бразил. По него следува германскиот стратег Јулијан Нагелсман со седум милиони, додека третото место го држи Маурисио Покетино, селекторот на САД, со шест милиони евра годишно.

Многу блиску до водечката тројка е Томас Тухел на клупата на Англија.

Интересно е што Фабио Канаваро, актуелниот селектор на Узбекистан, е изедначен со четири милиони евра со Мартинез.

Тоа е неговиот прв тренерски ангажман по неуспешната епизода во Динамо Загреб.

Хрватскиот тренер Златко Далиќ заработува 1,5 милиони евра годишно, исто колку и неговиот австриски колега Ралф Рангник.

Селекторот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Сергеј Барбарез, е на последното место – 300.000 евра годишно, од кои 50 проценти ги плаќа за хуманитарни цели.

Од сите капитани на 48-те репрезентации, само Един Џеко се откажа од своите парични приходи и тие се исплаќаат за хуманитарни цели.

Рангирање на најплатените тренери на Светското првенство:

Карло Анчелоти (Бразил) – 10.000.000 евра
Jулијан Нагелсман (Германија) – 7.000.000 евра
Маурисио Покетино (САД) – 6.000.000 евра
Томас Тухел (Англија) – 5.800.000 евра
Фабио Канаваро (Узбекистан) – 4.000.000 евра
Роберто Мартинез (Португалија) – 4.000.000 евра
Дидие Дешамп (Франција) – 3.800.000 евра
Роналд Куман (Холандија) – 3.000.000 евра
Марсело Биелса (Уругвај) – 3.000.000 евра
Џеси Марш (Канада) – 2.500.000 евра
Хавиер Агире (Мексико) – 2.500.000 евра
Густаво Алфаро (Парагвај) – 2.500.000 евра
Џулен Лопетеги (Катар) – 2.500.000 евра
Лионел Скалони (Аргентина) – 2.300.000 евра
Нестор Лоренцо (Колумбија) – 2.000.000 евра
Себастијан Бекачече (Еквадор) – 2.000.000 евра
Луис де ла Фуенте (Шпанија) – 2.000.000 евра
Јирген Клинсман (Јужна Кореја) – 2.000.000 евра
Мурат Јакин (Швајцарија) – 1.600.000 евра
Ралф Рангник (Австрија) – 1.500.000 евра
Златко Далиќ (Хрватска) – 1.500.000 евра
Ерве Ренар (Саудиска Арабија) – 1.100.000 евра
Хаџиме Моријасу (Јапонија) – 1.000.000 евра
Стале Солбакен (Норвешка) – 845.000 евра
Руди Гарсија (Белгија) – 700.000 евра

Би можело да ве интересира

Лекарот на бразилската репрезентација: Повредата на Нејмар не е наивна

А1он

Ги предвиде шампионите на претходните три светски првенства – сега типува на Холандија

А1он

Иран го премести кампот на репрезентацијата за Мундијалот од САД во Мексико

А1он

(ВИДЕО) Моментот кога Нејмар дозна дека ќе оди на Мундијалот 2026

А1он

Младиот фудбалер на Барселона отпишан за Мундијалот: „Штети на атмосферата во тимот“

А1он

Голем удар за Шпанија – ѕвездата на Барселона го пропушта Мундијалот

А1он