Моџтаба Хамнеи: Внатрешната сила на иранскиот народ им е докажана и на пријателите и на непријателите

Од:

Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, го поздрави „невиденото единство“ во земјата откако САД и Израел започнаа смртоносна воена кампања против Иран.

Во писмена порака објавена денес, тој повика на „уште поголеми напори“ за зачувување на единството на населението.

„Вистинската суштина и внатрешната сила на иранскиот народ, во верата, надежта и акцијата, им се докажани и на пријателите и на непријателите“, рече Хамнеи во писмена порака објавена од полу официјалната новинска агенција Фарс.

Хамнеи не се појави во јавноста откако беше именуван за врховен духовен водач на земјата во март, откако неговиот татко и претходник, Али Хамнеи, беше убиен во американско-израелските напади врз Техеран.

Оттогаш, тој зборува само преку писмени пораки.

Во најновата порака, тој се обиде да го прикаже Иран како земја која излезе од американско-израелската воена кампања отпорна и обединета. Тој особено нагласи „национална солидарност“, предупреди на „бесмислени политички спорови“ и ја нагласи важноста на обновата по недели бомбардирање во кои беа уништени здравствени центри, училишта и културно наследство.

Американско-израелското бомбардирање, исто така, предизвика длабоки фрактури во врвот на иранското раководство и отвори вакуум во власта. Во порака, Хамнеи ги повика претставниците да „продлабочат и забрзаат законодавната и надзорната работа со цел да се постават темелите за иднината на Иран“.

„Позицијата парламентарен претставник треба да се смета за прва борбена линија на патот на земјата кон напредок“, додаде врховниот лидер на Иран.

Би можело да ве интересира

Моџтаба Хамнеи сериозно повреден

Предраг Петровиќ

Врховниот лидер на Иран прогласи победа над Америка

Горан Наумовски

Ајатолах Хамнеи: Иран не бара војна, но нема да се откаже од своите права

Горан Наумовски

Аксиос: Како Хамнеи постигна двонеделно примирје со Трамп?

Смртта на ајатолахот Хамнеи може да ја промени нуклеарната доктрина на Иран

Медиуми: Ајатолахот Моџтаба Хамнеи се согласи да преговара со САД