ВИДЕО: Хозе Карерас и најголемите македонски ѕвезди на концерт во Скопје по повод „35 години независност“

Од:

На 1 септември на градскиот плоштад во Скопје по повод 35 години независност ќе биде одржан концерт на кој ќе настапи еден од најголемите оперски пејачи на сите времиња, шпанскиот тенор Хозе Карерас, како и Македонија олл стар – Каролина Гочева, Влатко Стефановски, Калиопи, Наум Петрески, Сузана Спасовска и
Игор и Ана Дурловски.

Ова е втор настан во рамки на одбележувањето на 35 години независност по настапот на Давид Гета и Монолит шоу на 8 септември на Градскиот стадион.

Владината портпаролка, Марија Митева, денеска на прес-конференција посочи дека како Влада се подготвуваат за достојно одбележување на 35 години независност.

– Навистина ни е важно и сакаме граѓаните да уживаат и да покажеме дека имаме капацитет да организираме настан со македонски и светски ѕвезди – изјави Митева.

Митева, исто така, најави дека ќе следуваат уште настани во рамки на одбележувањето кои ќе бидат дополнително откриени.

Бобан Милошески од „Авалон Продукција“, на прес- конференцијата по повод одбележувањето на „35 години независност“, рече дека ова е вечер на спој на македонската музика со светската класика.

– Сакавме да споиме нешто што е светско заедно со нашето македонско. На 1 септември на градскиот плоштад во Скопје ќе имаме концерт на Хозе Карерас и Македонија олл стар. Ќе има многу изненадувања таа вечер, кои нема да бидат соопштени. Оваа екипа на Македонија алл стар е личен мој избор и јас носам одговирност дали требало да има уште некој друг – изјави Милошески.

Тој посочи дека во Македонија олл стар биле повикани и Владо Јаневски и Симон Трпчески, кои за жал не се во Македонија во тој период и нема да можат да настапат.

Настанот е поддржан од Македонската филхармонија, а аранжман на песните ќе прави Николче Мицевски, кој најави поинакво руво, симфониско начело, кое само да ја збогати.

Директорот на Македонската филхармонија, Мустафа Имери кажа дека му е чест што токму оркестарот на Филхармонија ќе ја отвори прославата по повод 35 години независност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: „Нула денари“ или 5,5 милиони евра, СДСМ бара целосна сметка од Мицкоски

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства

Мицкоски: Сите настани поврзани со прославата на 8 Септември, граѓаните и Буџетот ги чинеа нула денари

Рубио: САД се горди што стојат покрај С. Македонија како доверлив сојузник и партнер

А1он

Мицкоски: Мора да успееме – народот научил како да преживува, а сега мора да научи како да победува во мир

А1он

Ахмети: Европска Македонија се гради со еднаквост, а не со намалување на нечии права

Горан Наумовски