Фудбалерите на Вест Хем се последните патници во Чемпионшип. Ова е исходот од последното, 38-мо коло од Премиер лигата.
Во последното коло, Вест Хем мораше да го победи Лидс и да навива за Евертон да го победи Тотенхем за да го задржи статусот на прволигаш, но тоа не се случи.
Тотенхем победи со 1:0 дома, а Португалецот Жоао Палињо постигна гол во 43-тата минута.
Вест Хем го победи Лидс со 3:0 дома со головите на Валентино Кастеланос, Џарод Бовен и Калум Вилсон и ја заврши сезоната на 18-то место со 39 бода, два помалку од Тотенхем.
Заедно со Вест Хем, Вулверхемптон и Барнли испаднаа во Чемпионшип.
