Трамп со ултиматум за Иран: Имате уште два-три дена, во спротивно ќе следат „дополнителни воени дејствија“

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен да му даде на Иран уште два до три дена, можеби најмногу до почетокот на следната недела, пред да „преземе дополнителни воени дејствија“.

– Подготвен сум да им дадам уште два до три дена, најдоцна до почетокот на следната недела. Времето е ограничено. Не можеме да им дозволиме да имаат нуклеарно оружје – им рече Трамп на новинарите пред Белата куќа и продолжи:

– Ако тие (Иран) имаа нуклеарно оружје, ќе почнеа со Израел, ќе го дигнеа во воздух. И брзо ќе го дигнеа во воздух. И ќе ви кажам, ќе одеа во Саудиска Арабија, ќе одеа во Кувајт, ќе одеа во ОАЕ, ќе одеа во Катар. Мислам дека ќе одеа на целиот Блиски Исток и потоа ќе имаше сосема различни преговори – нагласи тој во изјава за новинарите.

Како што изјави американскиот претседател, нема сомнение дали Иран би употребил ново оружје и дека во тој случај би се случил „нуклеарен холокауст“.

– Работев со овие луѓе, тие се екстремно радикализирани – заклучи Трамп.

Би можело да ве интересира

Трамп: Го убивме најактивниот терорист во светот

А1он

Политико: Трамп отиде во Кина за да побара помош во војната со Иран

А1он

Трамп доби експресен одговор: „Ќе бидете изненадени“

А1он

Мажот кој пукаше на гала вечерата на Трамп тврди дека не е виновен

А1он

Иран му одговори на Трамп: „Тресе глупости“

Трамп: На Иран му останаа само „брзи чамци“

А1он