Компанијата „Бритиш ервејс“ бара 10 милиони фунти отштета од главниот лондонски аеродром „Хитроу“ бидејќи минатиот викенд 20.000 парчиња багаж не биле натоварени во авионите.
Извршниот директор на авиокомпанијата, Шон Дојл, ги известува медиумите, во писмо до директорот на аеродромот „Хитроу“, Томас Валдби, барајќи отштета бидејќи системите за багаж на Терминал 5, главниот центар на „Бритиш ервејс“, се расипани од петокот.
Неисправноста предизвикала патниците што пристигнувале залудно да го чекаат својот багаж, а патниците што заминувале подоцна откриле дека нивниот багаж дури и не бил натоварен во авионот.
Ова е петти пат оваа година да има проблеми со системот за багаж на аеродромот „Хитроу“.
Само овој случај ја чинел „Бритиш ервејс“ 10 милиони фунти, кои ќе бидат платени за последователна испорака на багажот до патниците, како и за отштета.
Згора на се – овој инцидент го оштетил угледот на компанијата.
