(ВИДЕО) Д-р Трифуновски: Органодарителството како најтешка одлука, остава најсилна светлина позади себе

Од:

Д-р Александар Трифуновски, хирург-уролог и член на тимот за трансплантација, во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, апелира за унапредување на органодарителството.

-Чинот на органодарителство се јавува во најтешките моменти од животот на едно семејство. Лицето остава порака на своето семејство, а дава шанса за живот на друго лице или на повеќемина. Апелирам за унапредување на органодарителството. Најтешките одлуки во животот оставаат најсилна светлина позади себе, вели д-р Трифуновски.

Министерот за здравство, Азир Алиу посочува дека пораката на докторите кои секојдневно се соочуваат со пациенти што чекаат трансплантација е најсилниот повик за поголема општествена свесност за потребата од дарување органи.

-Органодарителството е длабока човечка одлука со која надежта продолжува да живее. Наша обврска е како институции да го развиваме системот, да работиме на зголемување на довербата и да создаваме култура во која дарувањето органи ќе биде препознаено како чин на солидарност, емпатија и највисока почит кон животот, порачува министерот Алиу.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Д-р Штерјова Марковска: Oрганодарителството е чин на најголемо човекољубие

А1он

Граѓаните ќе имаат можност кај својот матичен лекар да потпишат изјава за согласност за дарување на органи

Одбележан Денот на органодарителството, за три години 67 лица добиле шанса за нов живот

Одбележување на Европскиот ден на органодарителството

Ана Ололовска