Уапсен е битолчанец по неуспешен обид за кражба во канцеларија за брзи кредити

Од:

Секторот за внатрешни работи Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против 36-годишниот М.Ѓ. од Битола, поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривично дело „разбојништво во обид“.

Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи, осомничениот битолчанец бил лишен од слобода од страна на полициски службеници во текот на ноќта, околу 1 часот по полноќ.

Веднаш по лишувањето, врз основа на обезбедена наредба од Основниот суд Битола, инспекторите извршиле детален претрес во неговиот дом, при што бил пронајден и одземен пиштол со кој наводно било заплашувано во објектот.

„На 30.04.2026 година околу 18:10 часот, пријавениот М.Ѓ. (36) се обидел да изврши разбојништво во канцеларија за кредитирање лоцирана на улицата ‘Столарска’ во Битола. Осомничениот, со закана со огнено оружје кон вработените, се обидел да го изврши делото, но откако не успеал во својата намера, веднаш се дал во бегство во непознат правец“, се наведува во полициското соопштение.

Би можело да ве интересира

Жена остана без 16.592 денари по лажна смс порака за сообраќаен прекршок

А1он

Уапсен е скопјанец – пронајдени се марихуана, амфетамин и метадон во подрум во Аеродром

А1он

Приведен е скопјанец поради обид за убиство

А1он

Млад скопјанец „го удри струја“ при градежни работи – заврши во болница

А1он

Пијана велешанка го нападна сопругот, па направи сообраќајка

А1он

Камион удри малолетник на велосипед во тетовско

А1он