„Живиот Нострадамус“: Конфликтот со Иран ќе се претвори во „војна на исцрпување“

Од:

Бразилецот Атос Саломе (39) е познат на пошироката јавност како „Жив Нострадамус“ поради неговите наводни „предвидувања“ за настаните во светот.

Многумина го нарекуваат „модерен наследник“ на Мишел де Нострадам, а неодамна пишувавме за неговите тврдења дека човештвото е следено од „автоматизирани системи од повисок слој на реалноста“.

Бразилскиот мистик сега зборуваше за конфликтот на Блискиот Исток, наведувајќи дека војната со Иран е само во „почетна фаза“ и дека ситуацијата би можела да се развие во „сосема нова форма на глобален конфликт“.

„Многу работи сè уште можат да се случат“, рече Саломе во интервју за британските медиуми.

Според неговите зборови, сегашниот конфликт „веќе нема да личи на класична војна“, туку ќе се претвори во „војна на исцрпување“, обележана со развој на нови одбранбени технологии и разорни кибер-напади.

„Одговорот на Техеран и евентуалното активирање на сојузничките ќелии во регионот укажуваат дека конфликтот би можел да ескалира во невидена војна“, рече Саломе.

Тој верува дека САД немаат намера воено да го окупираат Иран, туку дека нивната цел е да „ја ослабат способноста на Техеран да извезува енергија“ и да спречат „иранската нафта да продолжи да стигнува до Кина“, објавува LadBible.

Треба да се напомене дека изјавите на Атос Саломе се засноваат исклучиво на неговите лични верувања и толкувања, па затоа остануваат во доменот на шпекулации, бидејќи не се засноваат на конкретни, потврдени анализи или официјални податоци.

Би можело да ве интересира

Иран: Доколку Американците предизвикаат нови инциденти, војната може повторно да избувне

А1он

Пентагон: Војната во Иран досега чинеше 25 милијарди долари

А1он

Иран им се заканува на САД со „невидена“ воена акција поради поморската блокада

А1он

Иран му се заблагодари на Пакистан, па повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата!

А1он

Техеран: САД бараат начин да се извлечат од војната и да го сочуваат достoинството

А1он

Виткоф и Кушнер патуваат во Пакистан на разговори за Иран

А1он