Трамп: На Иран му останаа само „брзи чамци“

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп се огласи на сопствената социјална мрежа „Трут соушл“ за најновите случувања во Ормутскиот теснец и операцијата „Проект слобода“.

– Иран изврши напади на земји кои не се поврзани со бродови во операцијата ПРОЕКТ СЛОБОДА, вклучително и јужнокорејски товарен брод. Можеби е време Јужна Кореја да се придружи на мисијата! Погодивме седум мали ирански пловни објекти или, како што тие сакаат да ги нарекуваат „брзи чамци“. Тоа е сè што им остана. Освен јужнокорејскиот брод, во овој момент нема штета по пловните објекти кои поминуваат низ теснецот – објави Трамп.

Тој најави дека американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет и началникот на Генералштабот на армијата, Ден Кејн утре наутро ќе одржат прес-конференција.

Претходно, Министерството за океани и рибарство на Јужна Кореја соопшти дека јужнокорејски товарен брод закотвен во Ормутскиот теснец беше цел на можен напад што предизвика експлозија.

Товарниот брод ХММ Наму беше закотвен во водите во близина на Обединети Арапски Емирати.

На бродот имало вкупно 24 членови на екипажот, од кои шест јужнокорејски државјани и 18 странски државјани.

Во инцидентот никој не е повреден.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Шлаканица“ од Трамп за Зеленски: Време е Украина да добие нов претседател!

А1он

Нова „плавуша“ влегува во „Белата куќа“ – Трамп ја назначи Кејти Закарија за портпарол

А1он

Трамп збесна поради добитникот на Нобеловата награда за мир: „Ова е срамота! Јас спасив милиони животи!“

А1он

Пентагон се подготвува за нова воена операција – најавено е масовно бомбардирање на Иран

А1он

Трамп за масовните протести во Франција: „Исламот сака да ја преземе некогаш големата земја“

Трамп: Гласањето во САД е корумпирано

А1он