Арагчи: Останува да се види дали САД се сериозни во дипломатијата

Од:

Шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи, по средбите во Исламабад, на кои се не присуствуваше американска делегација, изјави дека не е јасно дали САД навистина се сериозни во дипломатијата.

Арагчи на платформата Икс објави дека во Пакистан го презентирал ставот на Иран за одржлива рамка за завршување на војната, додавајќи дека останува да се види дали САД навистина се сериозни во дипломатијата.

Тој по Исламабад пристигна во главниот град на Оман, Мускат.

Како што претходно беше најавено Арагчи по посетата на Оман ќе отпатува за Русија.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека тој го откажал патувањето на неговите претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер во Исламабад на разговори со Иран.

Трамп наведе дека САД „ги држат сите карти во раце“ и оти нема потреба да се испраќа претставници на долги летови за „да седат и да разговараат за ништо“.

Тој истакна дека откажувањето на мисијата во Исламабад не значи нужно продолжување на војната со Ирак.

Би можело да ве интересира

Аракчи: Разменети се некои пораки меѓу Иран и САД, но тоа не значи дека преговараме

Арагчи: „Децата беа ладнокрвно убиени“

Горан Наумовски

Техеран тврди дека САД користат цивили како човечки штитови и најавува офанзивен одговор

ВИДЕО: Иран го разгледува американскиот предлог, но не е заинтересиран за преговори

Аракчи: Меѓународното право е мртво во пракса

Арагчи предупреди: Нема да попуштиме во случај на нови напади