Шестмина во затворски и четворица во куќен притвор за нелегалниот увоз на ботокс

Од:

Основниот кривичен суд одреди мерка притвор за шест лица, куќен притвор за четири, додека на деветмина им се изречени мерки на претпазливост во рамки на обемната акција за организиран криминал поврзан со нелегален увоз и дистрибуција на медицински препарати.

Од судот соопштија дека обвинителството првично поднело 11 предлози за притвор, но по сослушувањето, за две лица барањето било преиначено во куќен притвор.

Судот прифатил едно од тие барања, додека за другото лице наместо куќен притвор изрекол мерки на претпазливост.

За останатите девет осомничени за кои бил побаран притвор, судот одобрил шест, а за тројца определил куќен притвор.

Вкупниот биланс од постапката е: шест лица во ефективен притвор, четири во куќен притвор и девет со мерки на претпазливост.

Акцијата беше спроведена на 23 април од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, под раководство на обвинител од ОЈО ГОКК, и опфати повеќе градови – Скопје, Струмица и Битола. При тоа беа извршени претреси на повеќе локации и приведени 14 лица.

Според истрагата, осомничените делувале во организирани криминални групи кои набавувале и дистрибуирале нелегални медицински препарати – ботокс, филери и други средства – без одобрение, без декларации и без соодветна контрола од надлежните институции.

Би можело да ве интересира

Притворен е 58 годишен скопјанец – обљуби 13 годишно девојче

А1он

Притвор за битолчанецот осомничен за детска порнографија

А1он

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Триесет дена притвор за осум лица по истрагата за штета од речиси 4,8 милиони евра на државниот буџет

Затворски притвор само за седум осомничени во милионската измама во ЕСМ „Дистрибуција“

Горан Наумовски

Притвор за скопјанецот кој насилно упадна во студиото на „Инфомакс“

А1он