Утре без струја општините Карпош, Студеничани, Петровец, Карпош и Гази Баба

Од:

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Карпош, Студеничани, Петровец, Карпош и Гази Баба, соопшти РЦУК – Скопје.

Во периодот од 08:30 до 11:30 часот, без снабдување со електрична енергија ќе бидат корисниците од РТВ Предавател Водно, кула АЕК Водно, село Горно Нерези, Етно село – Нерези, Предавател Космофон, објект Даре Џамбаз-Водно објект на Поштенски дом-Водно и село Горни Крушопек во Општина Карпош.

Во периодот од 08:30 до 16:00 часот, без струја ќе останат корисниците на дел од село Морани и викенд населбата Морани во Општина Студеничани.

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улицата „10“ во село Ржаничино во Општина Петровец.

Во периодот од 09:00 до14:00 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Иван Аговски“ и „Никола Тесла“ во Општина Карпош.

Во периодот од 09:00 до 14:30 часот, без струја ќе бидат корисниците од селото Мирковци во Општина Гази Баба.

Во периодот од 11:00 до 14:00 часот, без снабдување со електрична енергија ќе останат корисниците од улиците „13“ и „14“ во селото Ржаничино во Општина Петровец.

Би можело да ве интересира

Снема струја во ГАК на 28 март – институцијата тврди „Реагиравме на време“

Горан Наумовски

Цела Куба повторно е во мрак

А1он

Цела Доминиканска Република остана без електрична енергија

Нешто повеќе од 22.000 потрошувачи во Србија моментално се без електрична енергија

(ВИДЕО) Голем дел од Москва остана без струја

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја