Орбан: Унгарија не е подготвена да го повлече ветото за заемот од 90 милијарди евра за Киев

Од:

Унгарија сè уште не е подготвена да го повлече ветото за заем од 90 милијарди евра за Украина, освен ако Киев не продолжи со транзитот на нафта преку нафтоводот „Дружба“, изјави се уште актуелниот унгарски премиер Виктор Орбан.

„Преку Брисел добивме индикација од Украина дека се подготвени да продолжат со испораките на нафта преку нафтоводот „Дружба“ веќе утре, под услов Унгарија да ја укине блокадата на заемите од ЕУ од 90 милијарди евра“, напиша Орбан на мрежата „X“.

Тој додаде дека ставот на Унгарија не се променил: нема нафта – нема пари.

„Кога ќе се обноват испораките на нафта, повеќе нема да стоиме на патот на одобрувањето на заемот. Исплатата на заемот не претставува финансиски товар или обврска за Унгарија“, истакна Орбан.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Политико: Поразот на Орбан ќе предизвика политички превирања од Вашингтон до Москва

А1он

Падна Виктор Орбан, голема победа за Петер Маѓар

Катерина Ѓуровски

Орбан убедливо губи, покажува истражување

Катерина Ѓуровски

Огромна излезеност на изборите во Унгарија, се огласи Орбан

ВИДЕО: Клучни избори во Унгарија, што велат анкетите и обложувалниците