Светското фудбалско првенство на ФИФА започнува на 11 јуни, а домаќини се Канада, Мексико и САД.
Репрезентацијата на Италија, која третпат по ред не успеа да се квалификува за Светското првенство, сепак би можела да добие уште една шанса и да го „фати последниот воз“ за овогодинешното натпреварување, во сценарио што ФИФА го разгледува доколку Иран одлучи да го бојкотира турнирот.
Имено, Италија е единствениот поранешен светски шампион кој не успеа да стигне до Светското првенство три пати по ред.
Поради војната на Блискиот Исток, се повеќе се шпекулира дека Иранците може да се повлечат. Пред еден месец, иранскиот министер за спорт, Ахмад Донџамали, објави дека репрезентацијата нема да игра на Светското првенство.
Во меѓувреме, тие го омекнаа својот став, но ситуацијата сè уште не е разјаснета, па затоа, помалку од два месеци пред почетокот на Светското првенство, статусот на Иран е сè уште неизвесен.
Во меѓувреме, „The Athletic“ пишува дека ФИФА веќе подготвува алтернативни решенија во случај Иран да се повлече.
Првата опција беше Италија директно да добие место на турнирот како најтрофејна екипа што не успеала да се квалификува.
Сепак, сега се појави друга опција – организација на мини-турнир на почетокот на јуни на северноамериканскиот континент.
Во тој плејоф би учествувале две репрезентации од Европа и Азија, а би се играло според класичниот куп систем – две полуфиналиња и финале. Победникот би заработил место во Групата Г на Светското првенство наместо Иран, во која веќе се Белгија, Египет и Нов Зеланд.
