Flex Group ја лансира Flex Group Leadership Academy – стратешка иницијатива за развој на лидерството во организацијата

Од:

Flex Group ја започна Flex Group Leadership Academy – долгорочна развојна иницијатива на Секторот за човечки ресурси, насочена кон системско јакнење на лидерските и менаџерските капацитети во рамки на целата Групација.

Академијата претставува сеопфатна платформа за развој на менаџери, која ќе се реализира преку повеќе програми и активности во времетраење од 8 месеци, со цел воспоставување на јасни и заеднички стандарди на водење, одговорност и менаџерско однесување.

Flex Group Leadership Academy оди чекор подалеку од класичните обуки, позиционирајќи се како референтна точка за лидерството во организацијата. Преку неа, се дефинира што значи да се биде менаџер, како се носат квалитетни одлуки, како ефективно се водат тимови и како се гради култура ориентирана кон одговорност и резултати.

Иницијативата се реализира во соработка со Prudens – организациски развој и лидерство, како и со врвни меѓународни експерти за продажба и сертифицирани професионалци за лидерски коучинг, со цел обезбедување висококвалитетен и сеопфатен развоен пристап.

Со оваа иницијатива, Flex Group воспоставува заеднички лидерски пристап и унифициран менаџерски јазик на сите организациски нивоа, испраќајќи јасна порака дека лидерството не е само позиција, туку вештина што континуирано се учи, развива и применува во секојдневното работење

Иницијативата се реализира во соработка со експерти за организациски развој, а повеќе информации за применетите пристапи и методологии за лидерски развој се достапни на Prudens – организациски развој и лидерство. дали да додадеме и врвни екперти за продажба од странство и екперти за лидерски коучинг

ПР текст

Би можело да ве интересира

Кога довербата и грижата растат заедно со децата – Четврта година партнерство меѓу Flex Credit и СОС Детско село

Пасош за успех: Како Flex Group ги слави своите хероини

Flex Broker: Стратешкиот мост меѓу клиентите и современите осигурителни решенија

Кога групацијата навистина се грижи: Бесплатни прегледи за сите жени во тимот

Пет држави, еден тим: Кога продажбата не знае за граници, различностите создаваат резултати

Романија покажа што значи „сплотени за извонредност“