На „Авива“ против Ирска, ќе се лечат раните од Копенхаген

Од:

Секој пораз остава болка, но кога тој значи и прекин на сонот за пласман на Светско првенство, раните се длабоки. Данска ја совлада македонската репрезентација убедливо, ставајќи крај на надежите за Мундијалот.

Вечерва од 20.45 часот, пет дена по тој дебакл во Копенхаген, македонската репрезентација ќе се соочи со Република Ирска во Даблин, во дуел меѓу две поразени селекции во полуфиналниот плејоф за СП 2026.

Иако резултатски можеби изгледа безначајно, овој натпревар е од огромно значење. Фудбалерите имаат шанса да ја вратат самодовербата, а нацијата да ја обнови вербата во репрезентацијата. Што се вели, убава можност да се залечат раните.

„Секој фудбалер игра за државата, за Македонија. Не игра за мене или за поединци. Ова е репрезентација на Македонија“, порача селекторот Гоце Седлоски на вчерашната прес-конференција. Јасно стави до знаење дека секој треба да го даде својот максимум.

Се појавија и одредени незадоволства – за минутажата и изборот на селекторот. Бојан Миовски се врати во клубот по барање на Глазгов Ренџерс, а Александар Трајковски ја заврши репрезентативната кариера, со забелешка дека неговиот труд не бил доволно вреднуван.

Но, има и поинакви примери. Голманот Столе Димитриевски секогаш е подготвен да се стави во служба на Македонија. Нему можеби и му е најтешко, прими 11 гола на последните два меча.

„Јас сакам да победам на секој натпревар, особено кога играм за Македонија“, истакна голманот Столе Димитриевски.

На стадионот „Авива“ во Даблин, Македонија ќе се обиде да се покаже против ранетата Ирска, која исто така доживеа пораз на пенали од Чешка во полуфиналето за пласман на Светското првенство.

Би можело да ве интересира

Херојот од Палермо се повлече од фудбалската репрезентација

Катерина Ѓуровски

Македонија против Данска за историски исчекор кон Светското првенство

Македонските фудбалери отпатуваа за Копенхаген – в четврток е пресметката со Данска

А1он

Александар Трајковски: Верувам во оваа екипа, се надевам ќе успееме да го повториме успехот од Палермо

А1он

Седлоски: Не сме аутсајдери, Македонија е подготвена за предизвикот

А1он

Македонските фудбалски репрезентативци добија тешка група во Б сегментот од Лигата на нации

А1он