Важно известување за корисниците на Бајненс платформата во Македонија: Наводната група на Вајбер не е официјален канал на Бајненс

Од:

Вајбер групата именувана како „111 Заедница za kriptovaluti“, како и пораките и комуникацијата што се споделуваат во неа, не се официјално поврзани со Binance и не се водени, одобрени или поддржани од Binance на кој било начин.

Оваа група лажно се претставува како официјална или поврзана со Binance и Trust Wallet, користејќи пораки што можат да ги доведат корисниците во заблуда. Во пораките се тврди дека станува збор за „група за учење“, „координација“, „одбележување годишнина“ и дека учесниците можат да добијат награди, криптовалути и други поволности.

Ги повикуваме сите корисници да бидат крајно внимателни и да ги следат овие безбедносни препораки:

Не споделувајте лични информации со непознати лица или неофицијални групи, вклучително и име и презиме, телефонски број, адреса, е-пошта, лични документи или банкарски податоци.

Никогаш не споделувајте лозинки, seed phrase / recovery phrase, private key, OTP-кодови или податоци за пристап до вашиот профил или паричник.

Не испраќајте средства и не поврзувајте wallet/акаунт преку линкови што ви се доставени во вакви групи или приватни пораки.

Проверувајте ги информациите исклучиво преку официјалните канали на Binance.

Доколку сте биле додадени во ваква група, напуштете ја групата, блокирајте ги профилите што комуницираат со вас и пријавете ја содржината на платформата.
За ваша безбедност, секоја комуникација што тврди дека е „официјална“, а не доаѓа преку проверени канали, треба да се смета за сомнителна.

За проверка на информации и за контакт со Binance, ве молиме користете ги исклучиво нашите официјални канали за поддршка и комуникација, објавени на официјалната веб-страница и официјалните верификувани профили на Binance, на Телеграм, Инстаграм и ТикТок. Доколку некој корисник веќе споделил податоци или стапил во интеракција со оваа група, препорачуваме веднаш да ги промени лозинките, да ги обезбеди профилите со двофакторска автентикација и да контактира со официјалната поддршка на Binance.

Binance, the world’s leading cryptocurrency exchange by trading volume and users, останува посветен на заштитата на својата заедница и апелира до сите корисници да бидат внимателни кон измамнички групи, неовластени канали и лажни претставувања.

Би можело да ве интересира

Поради големиот интерес: „Камион со ќебапи“ на Binance ќе се одржи и утре, во истото време и на истото место

А1он

Утре во центарот на Скопје: Binance носи спој од традиција и иновација со ајвар, ќебапи и криптовалути

Горан Наумовски

Ајвар, ќебапи и криптовалути во центарот на Скопјe: Binance носи мешавина од традиција и иновација

Крипто преглед: Навигација низ повеќеслојна макроекономска бура

Binance го проширува 24/7 моделот на тргување и кон традиционалните финансиски пазари

Binance обезбеди втора голема правна победа пред американски суд според Законот против тероризам за само две недели