Поради големиот интерес: „Камион со ќебапи“ на Binance ќе се одржи и утре, во истото време и на истото место

Од:

По големиот интерес и позитивните реакции од посетителите, Binance водечката светска берза за криптовалути по обем на тргување и број на корисници, го продолжува уникатниот настан во центарот на Скопје – „Камион со ќебапи“ и утре. Од 10:00 до 16:00 часот, на платото пред влезот во Старата чаршија, повторно ќе биде поставен „Камионот со ќебапи“ на Binance, каде граѓаните ќе имаат можност да се поврзат со глобалната крипто заедница и да уживаат во омилените локални вкусови.

Во препознатлива скопска атмосфера, посетителите и утре ќе можат да уживаат во ќебапи од Старата чаршија послужени со ајвар, додека истовремено ќе имаат можност да се запознаат со тимот на Binance, да разговараат со други корисници и да добијат корисни информации од прва рака за тоа како функционира крипто светот.

Продолжувањето на настанот е одговор на големиот интерес кај граѓаните и е уште една можност за едукација, инспирација и разговори за дигиталните валути, и кај крипто ентузијастите и кај оние кои штотуку почнуваат да се интересираат за оваа тема.

Покрај дружењето и едукативниот дел, и утрешниот настан ќе понуди интерактивни активности како HODL Bar и Plinko, преку кои посетителите ќе можат да освојат ексклузивни производи и награди од Binance. Дополнително, вклучувањето на социјалните мрежи ќе биде поттикнато и преку Binance Red Packets, што ќе донесе уште повеќе забава и ангажман за присутните.

Со оваа иницијатива, Binance носи свеж и динамичен формат во срцето на Скопје, отворајќи простор за едукација, вмрежување и директно запознавање со светот на криптовалутите. Продолжувањето на настанот уште еднаш ја потврдува неговата релевантност и интересот што го предизвика кај пошироката јавност.

Утре, на 29 март, Старата чаршија повторно ќе биде местото каде што ќе се спојат технологијата, заедницата и добрата енергија. Посетителите ги очекува уште едно поинакво градско искуство, со содржина што информира, поврзува и привлекува широка публика.

Повеќе информации се достапни на линкот.

Би можело да ве интересира

Токенизацијата на пат кон пазар од трилиони долари

Катерина Ѓуровски

Binance го одбележува Bitcoin Pizza Day со настан во Скопје

Горан Наумовски

Binance воведува заштита при повлекување на средства за одбрана од физички закани

Горан Наумовски

Овој викенд во Куманово, Binance го претвора центарот на градот во место за крипто, заедница и локални вкусови

Катерина Ѓуровски

Што треба да знаете пред да ја купите вашата прва криптовалута

Катерина Ѓуровски

Binance овој викенд во Битола носи крипто, заедница и локални вкусови

Горан Наумовски