Маж од Чегране е осомничен за уцена од 5.000 евра, се закануваше со објава на снимен разговор

Од:

Полициски службеници од СВР Тетово го уапсија Г.Г. (34) од гостиварско Чегране, под сомнение дека уценуваше лице од тетовско село и му бараше 5.000 евра.

Како што информираат од полицијата, синоќа во 21:55 часот во Гостивар е уапсен осомничениот кој испраќаше заканувачки пораки преку телефон и бараше пари, тврдејќи дека лицето му должи сума од 5.000 евра.

Тој се закануваше дека ќе објави снимка од разговор меѓу нив доколку не му бидат исплатени парите.

Против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Со три промили алкохол во крвта ги малтретираше сопругата и ќерката – го уапсија

А1он

Почина 19 годишна девојка од светиниколско – со возилото излета од патот

А1он

Мотоциклист загина на патот Крива Паланка – Куманово

А1он

Повреден е малолетник, падна од мопед – не застана на полициски знак

А1он

По кавга со сопругот, 23 годишна жена ја нападна свекрвата и со нож гаѓаше кон свекорот

А1он

Уапсен е 25 годишен радовишанец – ја нападна сестра си

А1он