Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 10:05 часот во Грција.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал 11 километри североисточно од Парамита, односно 157 километри југозападно од Лариса.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 5 километри под површината на земјата.
Граѓаните велат дека земјотресот бил почувствуван низ целата земја.
„Јанина, се тресеше силно“, „Траеше околу 8 секунди“, „Се тресеше и во Парга“, напишаа жителите на Грција.
Земјотресот бил почувствуван и во Албанија, а е почувствуван и во охридското подрачје.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
