Грчката полиција денес објави дека е покрената истрага откако на дното на вештачко езеро во голем хотелски комплекс во Ситонија, на полуостровот Халкидики, беа пронајдени човечки череп и коски.
Остатоците беа откриени за време на чистењето на езерото на 3 март, а според првичните проценки, коските биле таму долго време, со оглед на тоа што езерото ретко се чисти од 1970-тите, се вели во соопштението, објави Катимерини.
Полицијата не исклучува никаква можност.
Черепот и коските се префрлени во Институтот за судска медицина во Солун, каде што антрополошките и лабораториските анализи ќе го утврдат идентитетот на лицето и причината за смртта.
