Големата победа на „Една битка по друга“ – шест Оскари за филмот на Пол Томас Андерсон

Од:

Политичкиот трилер One Battle After Another на режисерот Paul Thomas Anderson триумфираше на 98th Academy Awards, освојувајќи го Оскарот за најдобар филм на свеченоста што се одржа во Dolby Theatre во Hollywood, Los Angeles. Филмот беше најголемиот победник на вечерта, освојувајќи шест статуетки од вкупно 13 номинации.

Покрај главната награда, остварувањето на Anderson беше наградено и за најдобра режија и најдобро адаптирано сценарио, како и за кастинг и монтажа, додека Sean Penn го доби Оскарот за најдобра машка споредна улога.

Xорорot Sinners на режисерот Ryan Coogler, кој имаше рекордни 16 номинации, освои четири награди – за оригинално сценарио, музика, кинематографија и за најдобар актер, што му припадна на Michael B. Jordan.

Наградата за најдобра актерка ја освои Jessie Buckley за улогата во филмот Hamnet, каде ја толкува сопругата на William Shakespeare, додека Amy Madigan беше прогласена за најдобра споредна актерка за настапот во филмот Weapons.

За најдобар интернационален филм беше прогласен норвешкиот Sentimental Value на режисерот Joachim Trier.

Би можело да ве интересира

Која е тајната на филмот „Грешници“ кој има 16 номинации за Оскар?

А1он

Почина актерка номинирана за Оскар за улогата во филмот „Ана“

А1он

Адриен Броди го собори рекордот за најдолг говор на Оскарите

А1он

(ФОТО) Деми Мур по поразот на Оскарите побегна да јаде помфрит

А1он

Најлошите филмови што добија Оскар

А1он