Трамп: Морам да учествувам во изборот на новиот ајатолах

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека мора да учествува во изборот на новиот врховен лидер на Иран откако досегашниот лидер Али Хамнеи беше убиен во нападите на САД и Израел.

Изјавите на иранските претставници вчера и денеска укажуваат дека се приближува објавувањето на наследникот на Хамнеи, а неговиот син Моџтаба Хамнеи се смета за главен кандидат.

Коментирајќи ги овие обвинувања во интервју за Аксиос, Трамп рече: „Тие го губат времето. Синот на Хамнеи е слабак. Морам да бидам вклучен во изборот, како што бев со Делси Родригез во Венецуела“.

Тој додаде и дека нема намера да прифати нов ирански лидер кој би ја продолжил политиката на Али Хамнеи, бидејќи, како што рече, тоа би ги принудило САД повторно да војуваат „за пет години“.

„Синот на Хамнеи е неприфатлив за мене. Сакаме некој што ќе донесе хармонија и мир во Иран“, рече Трамп.

Би можело да ве интересира

Трамп: Ќе ставиме крај на конфликтот во Украина

А1он

Трамп предлага Ормутскиот Теснец да се преименува во „Трампов Теснец“

Трамп: Иран е официјално пропадната држава со раководство во хаос

А1он

Трамп: Путин нема да нападне територија на НАТО

А1он

Можна средба Путин – Трамп наскоро во Кина

А1он

Трамп објави мапа на Ормутскиот теснец и го прогласи за територија на САД

А1он