Од 10.35 часот се укинува забраната за сообраќај на камиони и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка, соопшти ЈП „Македонијапат“.
Забраната за сообраќај на камиони и автобуси на овој патен правец беше воведена утрово во 7.40 часот поради обилни врнежи од снег.
Од 10.20 часот се укинува забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, соопшти ЈП „Македонијапат“.
Забраната за сообраќај на камиони на овој патен правец беше воведена утрово во 6.50 часот поради обилни врнежи од снег.
