Снежна бура во Романија – 200.000 домаќинства останаа без електрична енергија

Од:

Поради обилен снег и дожд што ја зафатија Романија, околу 200.000 домаќинства останаа без електрична енергија.

Бурата предизвика и големи проблеми во сообраќајот, со блокирани автопати и државни патишта и доцнења на десетици возови, изјави министерот за енергетика Богдан Иван, пишува Ројтерс.

Во главниот град Букурешт, под снежна покривка од 40 сантиметри, јавниот превоз е тешко да се управува.

Паднати дрвја го прекинаа патниот и железничкиот сообраќај, а училиштата беа затворени во неколку градови. Националната агенција за итни интервенции објави дека десет амбулантни возила се заглавени во снегот во шест области.

„Од вкупно 200.000 погодени домаќинства, приближно 86.000 од нив се вратени во снабдување со електрична енергија. Проблеми се регистрирани во 266 градови“, изјави Иван пред новинарите.

Министерот додаде дека просечната потрошувачка на електрична енергија во Романија изнесува 7,4 GW, а вишокот произведен во ветерни и хидроелектрани е извезен.

Тој исто така изјави дека производството се зголемило за 11 проценти, а потрошувачката за 6 проценти во споредба со претходната година.

Би можело да ве интересира

Русија: Тврдењата за руски беспилотни летала над Европа се неосновани

Медведев им се закани на граѓаните на ЕУ: „Мирниот сон заврши“

Фон дер Лајен: Руската агресија премина уште една црвена линија

ВИДЕО: Романската војска го следела, но не го соборила дронот

Катерина Ѓуровски

НАТО се огласи по ударот на руски дрон врз зграда во Романија

ВИДЕО: Дрон погоди зграда во Романија, повредени жена и дете

Катерина Ѓуровски