Осомничениот српски државјанин З.Р. (23) е уапсен под сомнение дека го запали луксузниот автомобил во сопственост на јутјуберот Богдан Илиќ, алијас „Бака прасе“ во Белград. Во зависност од околностите, осомничениот се соочува со казна до 12 години затвор.
Според соопштението од Обвинителството во Србија, тој е обвинет за предизвикување општа опасност. Покрај тоа, обвинет е за изнуда, што се смета за сериозно кривично дело, кое само ја продлабочува затворската казна.
Колку долго ќе помине зад решетки, доколку биде осуден, ќе се утврди и според проценката на штетата на автомобилот „брабус“ кој е во сопственост на Богдан Илиќ.
Доколку се соберат сите кривични дела, тој најверојатно ќе треба да отслужи помеѓу 3 и 12 години затвор, а плус ќе мора и да плати парична казна.
Случајот го презеде Вишото јавно обвинителство во Белград, а во тек е разгледување на можната преквалификација на кривичното дело.
