Припадници на Управата за криминалистичка полиција во Србија вечерва уапсија уште еден осомничен во случајот со нападот врз семејната куќа на пејачот Здравко Чолиќ, по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград.
Станува збор за М.А.(23) кој е осомничен за помагање во извршувањето на ова кривично дело, а С.М. е уапсен вчера.
На 3 февруари е фрлена бомба врз куќата на пејачот. Никој не е повреден, но е предизвикана е материјална штета.
С.М. (33) е уапсен вчера под сомнение за активирање и фрлање рачна граната во дворот на Здравко Чолиќ.
Безбедносните камери го снимија моментот кога двајца напаѓачи со фантомки се приближуваат кон вилата и ја активираат експлозивната направа.
