Буданов: Втората рунда преговори продолжи конструктивно

Од:

Шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Кирил Буданов, денес изјави дека втората рунда преговори меѓу Украина, САД и Русија, одржана во Абу Даби, била конструктивна, но не даде детали за постигнатите договори.

Во изјава за украинскиот портал РБК-Украина, Буданов им се заблагодари на САД и ОАЕ за организирањето и посредувањето на консултациите.

„Преговорите навистина поминаа конструктивно. Благодарен сум на САД и ОАЕ за квалитетната организација и посредништво“, рече Буданов, кој учествуваше во работата на украинската делегација.

По завршувањето на разговорите, Виткоф изјави дека е постигнат договор за размена на 314 воени заробеници, што претходно го потврди и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, оценувајќи го договорот како значаен резултат од преговорите.

Во исто време, проруските медиуми објавија дека Москва претставила нови барања во врска со Донбас, вклучително и барање за меѓународно признавање на регионот како дел од Руската Федерација.

Втората рунда преговори во формат Украина-САД-Русија се одржа на 4 февруари и денес, а консултациите траеја речиси пет часа секој ден. Разговорите, кои траеја по пет часа, се водеа преку трилатерални состаноци, работа во групи и последователно усогласување на ставовите.

Во украинската делегација учествуваа шефот на претседателскиот кабинет Кирил Буданов, неговиот заменик Сергеј Кислица, пратеникот Давид Арахамија, началникот на Генералштабот на вооружените сили на Украина Андриј Гнатов, заменик-началникот на Главната дирекција за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина Вадим Скибицки и советникот во кабинетот на претседателот на Украина Александар Бевц.

Рускиот тим го предводеше Игор Костјуков, началник на Главната дирекција за разузнавање на Генералштабот на руските вооружени сили.

Американската страна ја претставуваа претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, како и Џаред Кушнер, вишиот советник на Белата куќа, Џош Груенбаум, американскиот воен секретар Даниел Дрискол и врховниот командант на силите на НАТО во Европа, Алекс Гринкевич, додека руската делегација ја предводеше шефот на Централната разузнавачка агенција Игор Костјуков, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

Украинскиот шеф на разузнавањето преживеал 20 атентати

Буданов: Во Русија има околу 11.000 севернокорејски војници

Буданов: На Русија и треба пауза во војната

А1он