Путин изгуби клучен сојузник, Трамп даде понуда што не може да се одбие

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека ги намалува царинските мерки за Индија од 25 на 18 проценти, објави CNN.

Индискиот премиер Нарендра Моди се согласи, според Трамп, Индија повеќе да не купува руска нафта и гас, а дека САД за возврат ќе ги намалат царините за Индија.

„Беше голема чест да разговарам со премиерот на Индија, Нарендра Моди. Тој е еден од најпочитуваните лидери во светот. Разговаравме за многу работи – за царинските мерки и за крајот на војната во Украина. Тој се согласи да престане да купува руски гас и нафта и да купува повеќе од САД, потенцијално од Венецуела. Ова ќе помогне да се стави крај на војната во Украина. Илјадници луѓе продолжуваат да умираат таму секоја недела. Ајде да преговараме за нов царински договор меѓу Индија и САД, ќе ги намалиме од 25 на 18 проценти. Тие ќе ги намалат своите царини на нула за нас“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.

САД воведоа царински мерки од 25 проценти за Индија во текот на 2025 година.

Индија е еден од најголемите сојузници на Русија, особено од почетокот на војната со Украина, но судејќи според денешниот договор со Трамп, Русија изгуби близок воен и политички сојузник.

Би можело да ве интересира

Трамп: Ја добивме војната со Иран, никогаш нема да имаaт нуклеарно оружје

А1он

Цените на гасот во Европа паднаа откако Трамп се откажа од закана за напад врз иранските електрани

А1он

(ВИДЕО) Трамп: Ајатолахот и јас можеме да го контролираме Ормутскиот теснец

А1он

Трамп: Мило ми е што почина екс шефот на ФБИ

А1он

Трамп му постави ултиматум на Иран: Имате 48 часа да го отворите Ормутскиот теснец, во спротивно ќе ве уништиме!

А1он

Трамп разгледува три сценарија за копнена операција