Ема Хеминг Вилис сподели уште еден факт во борбата на нејзиниот сопруг Брус Вилис со деменцијата.
Таа откри дека актерот, речиси четири години откако му беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција (FTD), не бил свесен за деталите за неговата медицинска состојба.
Авторката на книгата „Неочекуваното патување“, која со Вилис ги има ќерките Мејбл (13) и Евелин (11), објасни дека тоа е последица на невролошка состојба што често ја придружува деменцијата.
„Постои невролошка состојба што се јавува кај FTD, како и кај многу други форми на деменција, и се нарекува аносогнозија. Тоа е состојба во која вашиот мозок не може да препознае што му се случува“, објасни Ема како гостин на 28 јануари во подкастот „Разговори со Кам“.
Таа нагласи дека она што често се толкува како „негирање“ кај пациентите е всушност симптом на самата болест.
„Тие не сакаат да одат на лекар затоа што велат: „Добро сум, добро сум“, но всушност станува збор за аносогнозија“ вели таа.
За 47-годишната Ема, не свесноста на Брус е и „благослов и проклетство“.
„Брус никогаш не сфатил дека ја има оваа болест и многу сум среќна поради тоа. Многу сум среќна што тој не знае“, рече таа.
Иако 70-годишниот актер не е свесен за сопствената борба, тоа е секојдневна реалност за неговото семејство од 2022 година.
Ема призна дека се чувствувала „толку сама и без поддршка“ откако лекарите ѝ ја кажале дијагнозата.
„По тој преглед излегов целосно уништена“, се присети таа.
„Не знаев како ќе се справам со тоа со нашите две млади ќерки. Токму ова искуство ја инспирираше да стане гласен застапник на лицата кои се грижат за луѓе со сериозни болести. „Единствениот начин на кој можам да го надминам ова е да му помогнам на некој друг да се чувствува помалку сам“, рече таа минатиот септември.
По разводот од Деми Мур, Брус мислеше дека никогаш повеќе нема да најде голема љубов.
Сè се промени во 2007 година кога ја запозна манекенката Ема Хеминг во вежбална.
„Последните 10 години ги поминав сам и претежно несреќен. Бев на мрачно место“, призна тој за списанието W во 2009 година.
„Откако почнав да се забавувам со Ема, која е 23 години помлада од мене, мојот живот стануваше посреќен секој ден“ призна легендарниот актер.
Тие се венчаа во март 2009 година на островите Туркс и Кајкос, а на церемонијата присуствуваа ќерките на Брус и Деми Мур со нејзиниот тогашен сопруг Ештон Качер.