Ветеринарка од Италија го преживеа пожарот во швајцарскиот бар за Нова Година: Не знам како се спасив!

Од:

Елеонора Палмиери, 29-годишна италијанска ветеринарка е една од преживеаните од катастрофалниот пожар во барот „Ле Констелашн“ во Кранс-Монтана, во кој 40 лица ги загубија животите на новогодишната ноќ.

Таа беше однесена во болница во Милано со тешки изгореници, каде што сè уште се опоравува, пишува RTL.

Младата жена се огласи на Инстаграм, споделувајќи фотографии на кои се гледа нејзиното изгорено лице и преврзани раце и дланки.

Во трогателна објава, таа им се заблагодари на семејството, партнерот и медицинскиот персонал.

„Голема благодарност до лекарите и целиот персонал на болницата, кои се грижат за мене со голем професионализам и многу човечност“, напиша таа.

За време на нејзиното закрепнување, Елеонора не ги заборава жртвите на трагедијата.

„Моите мисли се со сите оние кои не преживеаја“, рече таа.

Во интервју за италијанскиот дневен весник „Ла Република“, Елеонора се присети како успеа да избега од запалениот бар во последната секунда.

„Како се спасив? Не знам. Мојот инстинкт за преживување ме истисна“, објасни таа.

Она што требаше да биде прослава се претвори во еден од најсмртоносните пожари во поновата швајцарска историја. 40 лица загинаа, додека повеќе од 115 беа повредени. Многу од жртвите беа млади луѓе на возраст меѓу 14 и 21 година.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на барот каде загинаа 40 луѓе може да се брани од слобода со кауција од 250.000 долари

А1он

Истрагата за пожарот во Кран-Монтана се проширува и на локалните власти

Уапсен е сопственикот на швајцарскиот бар каде што загинаа 40 млади луѓе