Магла на повеќе патни правци

Од:

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.

Поради појава на магла намалена видливост од 30 до 40 метри има на патниот правец Тетово–Попова Шапка, од 50 до 100 метри на патниот правец Делчево–Пехчево, од 100 до 150 метри на патниот правец Куманово–Крива Паланка и на планинските превои Ѓавато и Пресека, а видливост до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар.

Како што информира АМСМ, сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.

На одредени патни правци кои поминуваат низ засеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

-Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, соопшти АМСМ.

Би можело да ве интересира

Магла на планинските превои Стража и Плетвар, патниот правец Бунец – Маврови Анови и во Крушево

Магла на патиштата – отежнат сообраќај на повеќе правци

Магла на планинските премини Стража, Плетвар и Крушево, сообраќајот се одвива по влажни коловози

А1он

АМСМ: Густа магла го отежнува сообраќајот на неколку патни правци

АМСМ: Магла на патните правци Тетово – Гостивар, Куманово – Страцин и Сарамзалино – Штип

Магла на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија