Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје ја одби жалбата на судијата Ѓоко Ристов и го потврди решението со кое му се определува мерка куќен притвор.
Одлуката доаѓа по обемната истрага во која во семеен имот во Неготино беа пронајдени 350.000 евра скриени во ѕид.
Според информации, советот одлучуваше по жалбата поднесена од одбраната на осомничениот Ристов за укинување на куќниот притвор.
Судијата Ристов се најде во центарот на вниманието на јавноста по полициската акција во која беше откриена рекордна сума на кеш, соѕидана во објект во негова сопственост.
Ристов засега се гони поради сомнеж за две кривични дела и тоа „Противправно стекнување и прикривање имот“ и за „Перење пари“.