Пријава во полиција – две жени од скопско нападнати од сопрузите

Од:

Во СВР Скопје, 29-годишна жена од скопско, пријави дека на 10. овој месец во семејниот дом на подрачјето на општина Петровец била физичка нападната од нејзиниот сопруг К.Ј.(33), кој употребил тврд предмет, а притоа и упатувал ѝ закани со остар предмет.

Претходно, според пријавеното, К.Ј. физички ја нападнал и нивната малолетна ќерка.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера, пак, во 09:20 часот во СВР Скопје, 45-годишна жена од скопско, пријави дека во претходните денови неколку пати била физички нападната од нејзиниот сопруг А.Б.(48) од скопско, кој притоа и го оштетил мобилниот телефон и нејзиното патничко возило.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Удри жена со гајба полна со шишиња

А1он

Жена истепала продавачка во центарот на Скопје

Жена од Виница била нападната од нејзиниот зет

Нападната е жена во центарот на Штип

68-годишна жена од Аеродром е нападната од соседот

Скопјанка нападната во хотел во Петровец од поранешното момче