Американскиот Сенат му забрани на Трамп да ја употребува војската против Венецуела

Од:

Американскиот Сенат, со 52 гласа „за“ и 47 гласа „против“, усвои мерка со која се спречува претседателот на САД, Доналд Трамп, сам да ги продолжи воените дејствија во Венецуела.

Ова се случи откако САД го уапси венецуелскиот претседател Николас Мадуро во Каракас на 3 јануари, обвинувајќи го за наркотероризам.

Поточно, Сенатот усвои мерка позната како Резолуција за воени овластувања, а за нејзино усвојување во Сенатот беше потребно просто мнозинство.

Треба да се напомене дека републиканците на Трамп имаат мнозинство во Сенатот.

Станува збор за мерка што подразбира дека претседателот мора да побара одобрение од Конгресот на САД ако сака повторно да дејствува воено во Венецуела. Таа беше донесена по предлог на демократскиот сенатор Тим Акин и републиканскиот сенатор Ранд Пол.

Споменатата мерка оди во Претставничкиот дом на разгледување, каде што Републиканската партија има мало мнозинство.

„Немојте да се залажувате, бомбардирањето на главниот град на друга земја и соборувањето на нејзиниот лидер е едноставно чин на војна. Ниту една уставна одредба не му дава толку многу овластувања на претседателот“, рече Пол.

Уставот на САД предвидува дека Конгресот има овластување да објави војна.

Трамп и неговите сојузници во Конгресот уверуваат дека тој не морал да се консултира со Конгресот за рацијата во која беше уапсен Мадуро. Тие веруваат дека дејствувале органите за спроведување на законот.

Би можело да ве интересира

Макрон за договорот меѓу Иран и САД: Не верувам дека војната е целосно завршена!

А1он

Трамп: САД ќе го бомбардираат Иран ако не се постигне конечен договор во рок од 60 дена

А1он

Нова шлаканица за Нетанјаху: Америка го отфрли барањето на Израел да го види меморандумот со Иран

Трамп бесен по израелскиот напад врз Бејрут: „Не требаше ова да се случи“

A1on

Трамп наполни 80 години, се слави во Белата куќа

A1on

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

А1он