Тројца повредени во тешка сообраќајка на булевар во Скопје

Од:

Две лица се здобија со тешки телесни повреди, а едно со телесни повреди во сообраќајна несреќа што синоќа се случила на булеварот „Србија“ во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од МВР, синоќа околу 21:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Србија“ се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „даихатсу“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ч. (63) од Прилеп, со престој во Скопје, и трицикл марка „томос“, управуван од М.С. (18) од Скопје.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобиле возачот на трициклот М.С. и неговиот сопатник С.Р. (23), додека уште еден сопатник од трициклот, И.С. (19), се здобил со телесни повреди.

Повредите биле констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ во Скопје.

Би можело да ве интересира

Жена остана без 16.592 денари по лажна смс порака за сообраќаен прекршок

А1он

Уапсен е скопјанец – пронајдени се марихуана, амфетамин и метадон во подрум во Аеродром

А1он

Приведен е скопјанец поради обид за убиство

А1он

Млад скопјанец „го удри струја“ при градежни работи – заврши во болница

А1он

Пијана велешанка го нападна сопругот, па направи сообраќајка

А1он

Камион удри малолетник на велосипед во тетовско

А1он