Првото бебе во државата е Евгенија, трето дете на семејството Камчеви

Од:

Првото бебе во 2026 во државава е девојче – Евгенија, родено на полноќ на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК). Родена е со царски рез, тешка е 2,8 килограми и долга 48 сантимери и е трето дете во семејството Камчеви. Мајката е 38-гидишната Емилија Камчева.

На полноќ се родени и две близначки во Гинекологија Чаир.

Мајката и бебето на ГАК денеска ги посетија министрите за здравство и за социјална политика, Азир Алиу и Фатмир Лимани, заменикот за здравство Јовица Андовски, градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, директорот на ФЗОМ Сашо Клековски и сопругата на премиерот, Рози Мицковска.

Директорката на ГАК Ирена Алексиоска-Папестиев изјави дека Евгенија е симбол на плодност, а тоа што е трето дете во семејството е стимул за многу семејства.

– Затоа што домот исполнет со многу дечиња е најсветол, најтопол и највесел дом. Им благодарам на фамилијата Камчеви што се пример и се надевам ќе охрабрат многу семејства во нашата држава да имаат многудетно семејство, рече директорката.

Кажа дека на ГАК ќе продолжи подобрувањето на условите и ја радува што по обновата на Школата за психосоцијална подготовка на пациентките има скок во породувањето од 170 новороденчиња.

-Не е многу но по неколку години повторно надминавме 4000 и минатата година имавме 4043 раѓања во најголемото родилште во земјава и се надевам трендот ќе го има и во другите родилишта, рече Алексиоска-Папестиев.

Министрите Алиу и Лимани кажаа дека има и уште две девојчиња близначки родени на полноќ во Гинекологија Чаир и оти девојчињата значат благослов.

-Оваа година ќе биде благословена, ние како Министерство за здравство ќе инвестираме во инфраструктура и достоинствени капацитети за секое новороденче во нашата држава. Посакувам новороденчињата да имаат здрав живот и да живеат во благосостојба, рече Алиу.

Лимани додаде дека новороденчињата се симбол на почеток и надеж за нашата држава и им честиташе на семејствата со желби децата да растат во љубов и здравје.

-Секое ниво раѓање е богатство за нашето општество и силна мотивација да создадеме подобри услови за децата и семејствата, наша е обврската да им дадеме услови за градинки, училишта и вработување, рече Лимани.

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски рече дека 2026 ќе биде плодна и бериќетна зашто девојчињата се симбол на напредок.

Посочи дека покрај подароци за бебето на ГАК, ќе ги посетат и ќе ги даруваат и првородените две девојчиња во родилиштето во Чаир и дека првпат оваа година подароци од Град Скопје ќе има и за сите новороденчиња што, рече, не било случај во минатото.

-Исто така ќе се потрудиме да ја зголемиме традиционалната поддршка од Град Скопје за да ги стимулираме семејствата да имаат што повеќе дечиња, што е и во согласност со политиките на Владата, а и за државата тоа и е потребно и Град Скопје секогаш ќе биде потпора, истакна Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

Првото бебе во 2026 е девојче

Арсовска со подароци кај првороденото бебе во 2025 година

Катерина Ѓуровски

Јаков и Аја се првите новороденчиња во Скопје во 2025

Катерина Ѓуровски

Аја Етем е првото бебе родено годинава на Гинекологија Чаир

Катерина Ѓуровски

Женско е првото бебе родено годинава во Кавадарци

Првото бебе во 2025 година е машко

Катерина Ѓуровски