Драма се случи на Африканскиот куп на нации, во центарот на вниманието беше голманот на Судан, Монгед Елнил.
Da li je moguće da je posle ovoga nastavio utakmicu?? pic.twitter.com/LzAzE0vsd2
— FantomBeograda (@FantomBeograda) December 28, 2025
Голманот на африканската репрезентација се сруши во 36-тата минута од натпреварот.
Во еден момент, Елнил само падна на тревата, на 17 метри од својот гол. Медицинскиот персонал веднаш побрза да му помогне. За среќа, голманот брзо се опорави.
Се очекуваше тој да ја напушти играта после тоа.
Сепак, Елнил сигнализираше дека е подобар и го продолжи натпреварот.
Температурата во Казабланка, каде што се игра овој натпревар е 14 степени, па сончевиот удар не е опција што можеше да предизвика Елнил да ја изгуби свеста.
По 70 минути игра на овој меч Судан и Екваторијална Гвинеја се уште активен е почетниот резултат, а Елнил и понатаму е во игра.
