Една од најдобрите тенисерки на сите времиња, Американката Венус Вилијамс(45), се омажи за актерот Андреа Прети(37).
Откако се венчаа во септември во Италија, двојката сега одлучи да го официјализира бракот пред семејството и пријателите во Флорида.
– Едноставно беше најсреќниот, најубавиот и најслаткиот ден – изјави Вилијамс за „Вог“.
Сестрата Серена го подготви најголемиот подарок, а петдневниот „маратон“ вклучуваше моминска забава, забава покрај базен и прослава на јахта.
Причината за двојната венчавка беше од организациска природа, бидејќи двојката сакаше да прослави во Италија, но самите формалности траеја повеќе од осум месеци.
Веридбата и стана позната на светската јавност во јули, кратко по големото враќање на Венус Вилијамс во тенисот и нејзината прва победа.
