(ВИДЕО) Петрушевски: Два милиони евра од Лотарија исчезнаа, СДС и ДУИ се под сомнение

Од:

ДЗР по извршената ревизија во Лотарија, за периодот на работа на раководството поставено од СДС и ДУИ, утврдило нереални и неоправдани сметководствени записи за нелогични трансакции во износ од близу два милиони евра. Два милиони евра Перпарим Бајрами и Артан Груби, ги фалсификувале, злоупотребиле или прикриле. Сето ова, се случувало додека СДС биле со тилот свртени кон криминалот и немо одобрувале, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

– Јавноста заслужува одговори, дали СДС и ДУИ го дозволиле првиот од многуте криминали во Лотарија од 2 милиони евра? На кои сметки завршувале овие пари? Со кое право СДС го прикривал криминалот на кадарот на ДУИ? И зошто ЈО толку време немало постапено иако ние јавно баравме одговорност и за други предмети поврзани со Лотарија? Ете како СДС и ДУИ ги раководеа државните институции, ги исцицаа буџетите, и ги испокрадоа парите, ги уништија претпријатијата. Затоа одговорност мора да има, а сега го нема Коцевски да ги штити, вели Петрушевски..

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: СДС го штити Груби од криминалот, дури повеќе од што ги штитат Заев и Филипче

Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го испере Заев, денес никој не е над законот

Зоран Заев поднесе тужби против Жан Митрев и Бране Петрушевски

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Петрушевски: Зошто СДС се во паника и хистерија, имаат ли страв од исказот на Груби?

(ВИДЕО) Петрушевски: Груби ќе се соочи со правдата за сторениот милионски криминал

(ВИДЕО) Петрушевски: Се расплеткува нарко мрежата блиска до Заев и Филипче, епилогот води кон нивна инволвираност

Горан Наумовски