Шпанецот Чави Ернандез е без тренерски ангажман откако ја напушти клупата на Барселона во јуни 2024 година.
Според британските медиуми, желбата на раководството на Тотенхем е да го донесе Чави на позицијата главен тренер на тимот.
Лондонскиот клуб не е задоволен од работата на данскиот стручњак Томас Франк, и веруваат дека покрај резултатите, на тимот му недостасува и јасно развиен стил на игра.
Се верува дека ова би можел да го постигне Шпанецот, кој покрај петгодишното тренерско искуство, помина и 17 години во дресот на Барселона.
Чави го тренираше клубот од Каталонија три години (2021-2024) и ја освои шпанската Ла Лига во 2023 година. Претходно го тренираше Ал Сад од Катар.
Тотенхем моментално ја зазема 11-тата позиција во Премиер лигата, по 16 одиграни кола.
