Може ли Украина да се приклучи на ЕУ во 2027 година?

Од:

Во најновата верзија на европско-украинскиот мировен план се споменува дека Украина би можела да стане членка на Европската Унија веќе на 1 јануари 2027 година.

Во очаен обид да ги коригираат и ублажат 28-те точки од првичниот руско-американски предлог за мировен план, Европејците и Украинците во нивната најнова верзија на мировниот предлог презентиран на Вашингтон споменуваат дека Украина ќе стане членка на Европската Унија на 1 јануари 2027 година.

Ова го потврдија за лондонскиот весник „Фајненшл тајмс“ неименувани извори запознаени со содржината на документот презентиран на Американците.

Престаниците на Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, вчера пристигнаа во Берлин на нови разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски и европски државници кои се вклучени во нетипични и очигледно многу драматични обиди за мир.

Би можело да ве интересира

„Волстрит журнал“: Европската улога го спречи можниот договор меѓу САД и Русија за Украина

Горан Наумовски