(ВИДЕО) Нови земјотреси во Јапонија – снимките се застрашувачки

Од:

По силниот земјотрес со магнитуда од 7,6 степени според Рихтеровата скала, што се случи попладнево во близина на брегот на Јапонија, следеа уште два земјотреси, според податоците на Јапонската метеоролошка агенција.

Петнаесет минути по земјотресот од 7,6 степени, регистриран е земјотрес од 5,6 степени, а десет минути подоцна, регистриран е малку послаб земјотрес од 3,6 степени.

Издадено е официјално предупредување за цунами за Хокаидо, Аомори и Ивате, со напомена дека се можни бранови до висина од три метри, пренесува Танјуг.

Првиот земјотрес се случи на околу 84 километри од градот Хачинохе во североисточниот регион Хокаидо.

Епицентарот на земјотресот беше на длабочина од 50 километри.

На истото место е регистриран уште еден силен земјотрес, на длабочина од 40 километри.

Три лица се повредени во силниот земјотрес, едно во префектурата Аомори кога се урна пат и две во Хокаидо поради одрони, објави локалната самоуправа.

Најмалку 2.700 домаќинства останаа без електрична енергија во префектурата Аомори, каде што избувнаа два пожара, пренесува Кјодо.

Би можело да ве интересира

Земјотрес од 7,6 степени по Рихтер во Јапонија – издадено е предупредување за цунами

А1он

Земјотрес со јачина од 6,7 степени по Рихтер ја погоди Јапонија

А1он

Силен земјотрес го погоди јапонскиот остров Хокаидо