Реал Мадрид наскоро може да доживее голема промена, бидејќи тренерот Чаби Алонсо е пред отказ и сега мора да се „спасува“ во Лигата на шампионите.
Вчера Реал беше поразен од Селта на својот стадион со 0:2 во шпанската Примера, а играчите на мадридскиот клуб добија два црвени картони на теренот и еден надвор од него.
🚨🚨🚨 Sí, hubo reunión de urgencia en el Bernabéu tras la derrota ante el Celta y el partido de Champion ante el Manchester City es un ‘match ball’ para Xabi Alonso. Te lo cuenta @SantiSiguero #RealMadrid https://t.co/kBJE2CcgX8
— MARCA (@marca) December 8, 2025
Поради поразот на Реал, Барселона остана на првото место со четири бода повеќе, а тренерот Алонсо може да биде отпуштен оваа недела.
Според информации од Шпанија, денеска во Мадрид се одржа итен состанок поради настапот на Алонсо и неговите избраници.
Како што пишува „Марка“, натпреварот во Лигата на шампионите против Манчестер Сити ќе биде одлучувачки за судбината на тренерот.
Доколку Реал загуби, Алонсо треба да биде отпуштен, а во случај на победа, ќе го продолжи мандатот на клупата на „кралскиот клуб“.
Реал ќе го пречека Сити во среда во 21:00 часот, и ќе биде интересно да се види како ќе реагираат играчите и дали ќе бидат помотивирани поради тренерот, и покрај турбуленциите во соблекувалната во текот на оваа сезона.

Како што пишува „Атлетик“, најверојатен кандидат за негов наследник е Алваро Арбелоа.
Арбелоа играше за Реал уште од јуниорските денови во Реал. Својата можност ја бараше низ третиот и вториот тим на Кралскиот клуб, играше за Ливерпул и Депортиво пред да се етаблира како дефанзивец во првиот тим на Реал. Своите најдобри години ги помина таму, од 2009 до 2016 година, а на крајот од кариерата помина уште една сезона во Вест Хем.
Со Реал освои две Лиги на шампиони и Шпанското првенство. Исто така, одигра 56 натпревари за шпанската репрезентација, со која освои Светско првенство и две Европски првенства. Денес има 42 години и е тренер на резервниот тим на Реал.
Откако ја заврши играчката кариера, работи во клубот, најчесто како тренер на помладите категории.
Арбелоа е војник на клубот и се претпоставува дека многу фанови би сакале да го видат на клупата. Реал сакаше да го доведе Зинедин Зидан, но тој се обврза на француската репрезентација по заминувањето на Дидие Дешамп. Се дискутираше и за Јирген Клоп, но ниту таа опција не е реална.
